Христијан Мицкоски во неговиот живот нема апсолутно никаква концесија кон никого. Христијан Мицкоски е човек кој припаѓа на нова генерација на политичари кој што сака да ги порази оние транзициони политичари од едно време. Човек на кој што му се приоритет националните и државните интереси така работи и така работи со соработниците кои го опкружуваат така и ќе продолжи во иднина, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Топ Тема.

Тој дополни дека националните и државните интереси се негов приоритет и фокус на делување во политиката и во животот.

-Ова за мене е огромна шанса чест и обврска да оставам историска димензија за сопствениот народ и сопствената држава, дополни Мицкоски.

Мицкоски вели дека она во што верува е во подобро утре за Република Македонија. Тој вели дека она на што би се фокусирал е на сите оние штетни политки кој што ги води СДСМ и тука треба да дојде до израз сонот на неговата генерација а тоа е евроатланска интегрирана Република Македонија, успешна и проспиретна и држава на среќни граѓани и тоа е она што го должи на неговата генерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 00:52