Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека фокусот и ориентацијата на партијата од основањето до денес се европските и НАТО интеграциите.
Според него, најважно во процесот за интеграција е начинот на кој се однесува власта, бидејќи во моментот ВМРО-ДПМНЕ не знае што се случува во преговорите за името зашто власта не ги информира.
-Нас ни е значаен државничкиот однос. Нас ние значајна иднината на оваа држава и иднината на овој народ кој што живее во оваа држава. Ние кога гледаме неодговорно и егзибиционистичко однесување на власта, логично е ние да бидеме тие кои што ќе се грижат за интересите на овие граѓани, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека го прашал грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас дали доколку не се најде решение за името, а постои препорака за почнување на преговори со ЕУ, Грција ќе ја блокира Македонија, на што тој одговорил дека нема.