Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во Топ Тема на телевизија Телма потенцираше дека државата е како погодена од економско цунами поради лошите политики на власта.

Според Мицкоски државата е во фаза на политичка депресија.

– Не контролор, ова што ни се случува, јас би го дефинирал како економско цунами и политичка депресија, тоа ни се слушува нам во оваа држава. Тој дополнително рече дека ВМРО-ДПМНЕ води принципиелна политика и дека целта на партијата е како животот на граѓаните да стане подобар. Мицкоски рече дека неговата сон е Евроатлантски интегрирана држава, економски просперитетна и држава на среќни граѓани, истакна Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Парламентот со идеја да биде контролор на неуспешните економски полити и поддржување на реформските закони.

– Сите ние имаме заеднички проблеми. Млад квалификуван кадар бега од државата. Луѓето се иселуваат, ние имаме празни села, празни населени места, празни градови во Република Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е тука за да понуди нова надеж, нова програма, ново утро за Република Македонија.

– И тоа ќе ни биде императив и тоа ќе го гарантираме со лична гаранција. Пред граѓаните ќе излеземе со најдобрата и најквалитетна програма, која што некогаш до сега се појавила во Република Македонија, која ќе се темели на научна анализа и која што ќе одговори на потребите на граѓаните и токму и тоа е мотивот на моите чести посети кои што ги правам изминатиот период, поминав најмалку 18 општини, 18 општински комитети, разговарав со членовите на парртијата, со базата, со симпатизаерите, но и со многу обични граѓани, кои што дел се и поддржувачи на СДСМ, дел од нив се и поддржувачи на некоја друга политичка опција, генерално заедничкиот именител е на сите, дали на прашањето: Животот дојде? Каков живот синко, ваков чемер и јад не било никогаш, рече Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 01:11