Пукотници се слушнале во близина на главниот објект на Јутјуб во Сан Бруно, Калифорнија, јавува БиБиСи.

Возила на итната помош се на местото на настанот, а полицијата ги предупреди граѓаните да не се движат во тој реон.

Компанијата Гугл, која го поседува Јутјуб соопшти дека истажува можен „инцидент со пукотници“.

Неколку работници во компанијата пријавиле присуство за вооружено лице, но засега нема официјална потврда.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 01:29