Полицијата во северна Калифорнија соопшти реагира на пријава за инцидент со вооружен напаѓач во седиштето на компанијата Јутјуб. Засега нема информации за мртви или повредени.
Огнени истрели биле пријавени од страна на вработените на компанијата во Сан Бруно, јужно од Сан Франциско.
Возила на итната медицинска помош се на местото на настанот, а властите предупредија граѓаните да ја избегнуваат таа област.
Непотврдени извештаи од локалните медиуми велат дека напаѓачот е жена, иако на социјалните мрежи циркулира фотографија од маж, за која се вели дека е направена од камера во лифт на зградата.
Во седиштето на Јутјуб работат околу 1.700 луѓе. Гугл вели дека се координира со властите и оти ќе даде повеќе информации кога тоа ќе биде можно.
Жената, за која се верува дека пукала во седиштето на Јутуб во Калифорнија, е пронајдена мртва откако се застрелала, изјави шефот на полицијата на Сан Бруно, Ед Барберини, доцна на 3 април.
Полицијата соопшти дека пред да се самоубие жената ранила тројца или четворица вработени во канцеларијата на Јутуб во близина на Сан Франциско. Повредените биле однесени во блиската болница.