Шефот на полицијата во калифорнискиот град Сан Бруно прецизира дека бројот на ранети во нападот во седиштето на ЈуТјуб е тројца.
Претходно тој соопшти за четворица ранети, но подоцна нагласи дека еден човек бил хоспитализиран поради повреда, но не е прострелна рана.
Американски медиуми јавија повикувајќи се на припадници од обезбедувањето на седиштето, дека жена пукала со пиштол во дворот на компанијата врз вработени, по што се самоубила.