СДСМ никогаш не водел сметка за земјоделците и не води политики со кои ќе ги реши нивните проблеми.

Земјоделците осиромашуваат, а СДСМ не знае да се справи со ниските откупни цени на земјоделските производи. Тоа го потврдува фактот дека од нивното доаѓање на власт бевме сведоци на незадоволство од ниските цени на голем број од земјоделските производи праски, бостан, јачмен, ориз, јагне и итн.

Состојбата кулминираше вчера кога со биењето на камбаните во с. Муртино – Струмичко, земјоделците очајно повикуваа на помош, за справување со драстичниот пад на цената и намалувањето откупот на пролетната зелка.

Ја повикуваме Владата да престане да се расфрла со пари за срамни збирки, скапи советници кои ништо не работат и да им помогне и да го реши овој проблем.

Зоран Заев во предизборието вети мерки со кои ќе го регулира откупот на земјоделските производи. Еве што ги лажеа земјоделците додека им требаа нивните гласови:

1. Задолжително договарање на цената на земјоделските производи, преку договарање на откупот и цената помеѓу земјоделците и откупувачите, најрано 30 дена пред откупот. Притоа уште и наведуваа дека ќе бидат гарант за откупувачите! Сведоци сме дека во моментот иако сезоната за откуп на зелката е во полн ек ниту е договорена цената ниту има откуп!

2. СДСМ вети дека ќе формира ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД токму за овие намени, поточно помош во кризни состојби при пласман на земјоделските производи, квантифициран на 6 милиони евра. Во моментот ниту е формиран фондот ниту ги има средствата, што самото по себе укажува на уште едно лажно ветување!

3. Ветуваа поддршка за изнаоѓање на нови и алтернативни пазари, но не само што не изнајдоа нови, туку ги затворија и пазарите кои со макотрпна работа ги изнаоѓаше и ги развиваше владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани, Оваа состојба уште еднаш ја докажува неспособноста на Владата предводена од СДСМ да се справува со проблемите на земјоделците. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата под итно да ги преземе следниве конкретни мерки кои им се на располагање:

1. Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, да ги примени мерките за стабилизација на пазарите, кои се пропишани за вакви кризни состојби со што ќе дојде до стабилизирање на цената на зелката.

2. Државниот инспекторат за земјоделство како надлежна институција за контрола при откуп на земјоделските производи, да ги активира контролите на терен, за да елиминира било каква манипулација со производителите на зелка.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 11:42