„Владата на СДСМ има план на постепено зголемување на даноците и придонесите. За тоа ја имаат известено Светската Банка уште во првите недели откако влегоа во владата. и тоа лично министерот за финасии. При тоа нагласил дека тоа ќе го прават постепено.
Во предизборниот период срамежливо и речиси неприметно говореа дека ќе се воведе прогресивен персонален данок на доход и дека за посиромашните ќе се намалел данокот, а за побогатите ќе се зголемел. Дури и објавуваа некакви бројки од типот од 10 на 9 за оние со помали приходи, и од 10 на 11 за оние со поголеми приходи. И толку. Чиниш незначителна и симболична промена. Но , по изборите нова песна. Таа старата песна беше за гласачите да им дадат гласови, а новата, за гласачите да им дадат пари, одкако веќе ги добија гласовите.“
Ова на Фејсбук го објави поранешниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски предупредувајки дека власта е на пат да го сруши она во што државата имаше најмногу успеси.