Власта неосновано ја задолжува државата за милионски суми. Државата се задолжува, а власта не гради, нема капитални инвестиции, нема додадена вредност.
Околу 300 милиони евра, дел од парите со кои СДСМ ги задолжија граѓаните од почетокот на годината до денес, седат во Народната банка на Република Македонија како депозит со нула проценти камата. Додека во исто време државата плаќа камата за истите кон кредиторите од кои ги позајмиле. Во исто време овие пари лежат со 0 отсто камата. Ваквата безидејност на СДСМ досега ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра.
Колку повеќе парите седат во НБРМ неискористени, толку е поголема штетата за граѓаните. СДСМ го злоупотребува инструментот задолжување. Задолжувањето е единствено оправдано кога со парите од истото се прават капитални инвестиции или за враќање на стари долгови.
Врвот на власта ја злоупотребува службената положба и за ова ќе одговара. Одговорност мора да има за расипничкото управување со парите на граѓаните.
СДСМ и Зоран Заев ја носат државата кон економски колапс. Економското цунами Заев - Тевдовски - Анѓушев нанесе огромна штета на државата и на економијата во целост.
Економската ситуација е влошена. Покачувањето на даноците и неспособноста на власта ја намалуваат инвестиционата атрактивност на државата. Големите странски инвеститори наместо во нашата држава се одлучуваат за инвестирање во земјите од регионот.
Ова покажува дека СДСМ нема ниту план, ниту визија за Република Македонија. СДСМ не знае да работи. Државата стагнира под водство на СДСМ. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говорат бројките. Државата во 2017 година нема остварено раст. Растот на БДП во 2017 година е 0%. Додека падот на градежништвото е околу 20%.
Капитални инвестиции нема. Оваа година имаме историски најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции. Во првиот месец истите изнесуваат 1%, додека до сега истите изнесуваат едвај 4%.
Сите инфраструктурни проекти започнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ беа запрени. Повеќе од 10 месеци нема ниту изградба, ниту раст. Но затоа има милионско задолжување. Долг за кој граѓаните плаќаат милионски камати.
Задолжувањата на оваа власт одат на директна штета на граѓаните. СДСМ не знае и нема капацитет да ја води државата. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро.