Градоначалникот на Скопје, Шилегов не престанува со креирањето на скандали.

Тој ја прекина градбата на Луна паркот во Скопје. Изговорот е дека ќе бара јавен приватен партнер.

Во меѓувреме не се работи, иако градежните работи беа во полн ек.

Постојат две причини зошто престана да се гради:

Првата е, изговорот на Шилегов дека градот нема пари, но ова е изговор, а не причина. Бидејќи Градот Скопје и Шилегов најавија дека ќе потрошат 8 милиони евра за дислокации на Галии и рушење, што значи пари за Луна парк има.

Втората причина е, дали зад наоѓањето на јавен приватен партнер се кријат бизнис интереси на оваа криминогена власт. Кој треба да го добие овој простор и дали се планира проширување на овој простор, зафаќање на нови површини од паркот и вметнување на големи угостителски објекти со цел исполнување на бизнис интересите на власта? И додека ваквите пресметки траат Скопјани остануваат без Луна парк.

На овие дилеми и сомнежи должен е да одговори Шилегов, кој наместо забави за пуштање на автобуски постојки, садење цвеќиња и по некое дрво треба да се посвети на суштинските прашања и потреби на овој град?



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 12:48