ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со земјоделците, партиски ги делеше, а нивниот труд го потценуваше и погазуваше. За разлика од таквата негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците, Владата предводена од СДСМ воспоставува партнерски однос со земјоделците и ги решава наследените и тековните проблеми во земјоделството.

Проблемот со откупот на зелката е надминат. Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска претставници од Владата на Република Македонија и од Министерството, во Струмица одржаа заеднички состанок со земјоделците производители на зелка и со откупувачите, на којшто беше надминат проблемот со откупот на зелката. На состанокот земјоделците и откупувачите начелно се договорија откупната цената да се движи од 25 до 20 денари за килограм, во зависност од тоа како ќе се движи цената на светските пазари.

Истовремено, формирана е и работна група составена од претставници од земјоделците, откупувачите и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство којашто ќе го следи откупот не само на зелката туку и на останатите земјоделски производи.

Надминувањето на проблемот со откупот на зелката е уште еден доказ за грижата кон земјоделците, од страна на Владата предводена од СДСМ којашто продолжува со спроведување на мерките што овозможуваат развој на земјоделството, повисок економски раст и квалитетни услови за работа на земјоделците.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 23:13