Министерството за финансии нема ниту еден аргумент за неразумното задолжување и расфрлање со народни пари. Заради тоа СДСМ мора во нивно име да пишува политички памфлети и да го правда тоа што не може да се оправда. Дел од парите земени од огромните задолжувања лежат во Народната банка со камата нула, а истите беа земени преку обвзница за која државата плаќа камати. Тоа е класичен грабеж на граѓаните.

Неуспешните политики на СДСМ предизвикаа економско цунами во Република Македонија. Од овие 10 месеци граѓаните единствено што видоа е само уривање или застој на веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ со што се нанесени дополнителни штети врз македонскиот буџет.

Нови проекти од СДСМ нема, додека енормните задолжувања кои ги оствари оваа влада оди на штета на граѓаните. Даноците се повеќе се покачуваат а државата во 2017 година нема остварено раст на БДП. Оваа година во државата има најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции а единствено нешто што расте се партиските вработувања на послушниците на СДСМ.

Оваа неодговорна и неспособна власт мора веднаш да си замине пред да направи поголеми штети.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 23:16