По сето она што за 11 години им го направи на граѓаните, државата и економијата, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економската состојба.

Со своето расипничко и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ нанесе огромни штети што и денес се санираат. ВМРО-ДПМНЕ двојно го зголеми долгот, трошејќи ги парите од скапите задолжувања на луксуз, барок, споменици и палми. Пропустите на автопатите, неквалитетните градби како оној на Архивот на Македонија, како и бројните грешки, освен што се симбол за неспособноста и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ трошат дополнителни средства средства од Буџетот. Поради целосната негрижа за граѓаните и нивните интереси, погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ драстично ја зголемија нееднаквоста помеѓу граѓаните.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ минатата година успеа да обезбеди највисоко ниво на реализација на капиталните инвестиции. За првпат по неколку години, долгот во 2017 година забележа пад, намалена е фреквенцијата на задолжување, а задолжувањето се врши по најниски каматни стапки, и за првпат Министерството за финансии има стратегија за управување со јавниот и државниот долг.

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави економија со пад од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017, а со успешните политики на Владата предводена од СДСМ, економскиот раст во последниот квартал од 2017 година изнесуваше 1,2 отсто. Невработеноста во јануари 2018 е намалена во однос на истиот месец од 2017, 90.000 граѓани добиваат повисока минимална плата од 12.000 денари која важи за сите работници, а индустриското производство и вработеноста бележат сериозен раст.

Бројни економски параметри ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, граѓаните ги чувствуваат придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ и затоа, очајни и несериозни се празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ во коишто никој повеќе не верува.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 23:18