Деновиве повеќе медиуми објавија дека е поставена новата реклама на преименуваниот Аеродром во Скопје. Како што може да се забележи се работи за голем и комплициран зафат на поставување на светлечки реклами на кровна конструкција. За таа цел, решивме да побараме повеќе информации за тоа кој ја изработи и монтираше оваа реклама.
Се работи за компанијата ПАП од Охрид, која уште еднаш докажа дека искуството и професионализмот постои во Македонија и дека и ние имаме компании кои можат да се носат и со најтешките предизвици. Оваа компанија има 26 годишно искуство во изработката на светлечки реклами и имиџ елементи за брендирање.
Поразговаравме со Весна Николоска, менаџер за маркетинг и продажба во ПАП која ни објасни што значи да се изработи една ваква реклама.
„Со задоволство го прифативме предизвикот да одговориме на барањата на нашиот долгогодишен партнер ТАВ Македонија кој по втор пат ни ја дадва довербата за изработка на овој проект. Нашиот тим изработи реклама која соддржи 25 3Д букви на македонски јазик и 26 3Д букви на англиски јазик со големина од 2м за рок од две недели со што успеавме во рекордно време да се монтира и успешно одговоривме на поставените барањата. Со ова уште еднаш докажавме дека ПАП е компанија која е доверлив партнер за сите компании во Македонија, компанија со долгогодишно искуство која ги следи новите трендови и која обезбедува квалитетни услуги.“ истакна Весна Николоска од компанијата ПАП.