Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на минатонеделната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг изјавил дека се согласува на обнова на шестраните преговори за нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, тврди јапонскиот весник „Никеи“.

Според весникот, на средбата Си и Ким се договориле да иницираат обнова на преговорите за овие прашања меѓу двете Кореи, Кина, Јапонија, Русија и САД. Последен пат средба во овој формат е одржана во 2009 година,

„Никеи“ наведува дека е можно во текот на мај Ким да го информира американскиот претседател Доналд Трамп, дека Северна Кореја е подготвена за обнова на шестраниот дијалог.

Сепак, според весникот, тоа не значи дека преговорите ќе бидат возобновени веднаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 12:56