Единствените вооружени групи за време на случувањата од 27 април, беа насилниците кои упаднаа во Собранието со цел да повредат и убијат пратеници, новинари, полицајци и вработени во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште должат одговори пред граѓаните, каква била улогата на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во насилствата од крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието.

Надлежните институции отворија истрага за насилствата од 27 април и ВМРО-ДПМНЕ мора да го остави Јавното обвинителство до крај да го расветли овој инцидент, а сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи во насилниот упад во Собранието, да се соочат со одговорност согласно законите на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 14:36