Министерот за земјоделство Љупчо Николовски шетајќи се со брендирана облека од илјадници евра по земјоделските ниви повторно манипулира со земјоделците.

Оваа сезона за земјоделците е катастрофална.

Цената на репроматеријалите на ѓубривата и заштитните средства е во постојан раст.

СДСМ и Љупчо Николовски не можат ни да ги исполнат своите ветувања од нивната програма за воведувања на поевтина зелена нафта за земјоделците.

Земјоделците по кој знае кој пат му се жалат на министерот за катастрофалните цени за откуп на земјоделските производи.

На маките на земјоделците им нема крај.

Најпрво имаше проблем со откупот на зелка, сега има проблем со цената на откупот на ориз која се движи од 35 до 42 за килограм, а има и проблем со цената на арпата која нуди за катастрофални 15 до 16 денари за сега да скапува по нивите.

Земјоделците на свој грб го почувствуваа „Животот“ на СДСМ.

Трудот на земјоделците не е вреднуван. Откупните цени се ниски и нема доволен пласман за производите.

До кога СДСМ и Николовски ќе ги лажат земјоделците?

Земјоделството во државата е во катастрофална состојба, а сето тоа е благодарение на неспособноста на министерот Николовски и премиерот Заев. Граѓаните заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 14:37