Една од најголемите современи уметнички, јамајканската музичка и филмска икона, и супермодел - Грејс Џонс ќе настапи оваа година на Егзит.

На сцената на фестивалот, таа ќе им покаже на сите дека уште пред Мадона, Лејди Гага и Ријана, прва ја воведе авангардната уметност во светските музички текови.

„Воуг" ја прогласи за „ултимативна модна муза", а музичкиот авторитет „Ролинг Стоун" - за „неодолива уметничка, модна икона и симбол". Премиерата на биографскиот документарен филм за арт-рок ѕвездата - „Grace Jones: Bloodlight & Bami" беше на Филмскиот фестивал во Торонто.

Фестивалот Егзит ќе се одржи од 12 до 15 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а на него ќе настапат Дејвид Гета, Зиги Марли, Фивер Реј, ЛП, Алис Мертон, Нина Кравиц, Мигос, Ричи Хотин, Адам Бејер, б2б, Ида Енгберг, Мацео Плекс, Соломун, Амели Ленс, Бен Клок, Џекс Џонс, Офенбах, Махмут Орхан, Карл Крег, Тејл оф Ас, Севдализа, Ејжн Даб Фандејшн, Елдербрук, Бурак Јетер, Медбол, Брујери, Слепшот, Кокни Реџектс, Дог Ит Дог, Слејвс, Идлс и многу други.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 14:45