Премиерот Зоран Заев и министерката за тру и социјална политика Мила Царовска денеска во Штип на средбата со бизнис секторот ги преставија мерките од Оперативниот план за вработување.

Заев рече процентот на невработеноста е голем и изнесува 22,4 отсто, а од друга страна работодавачите бараат работници и тешко можат да ги најдат.

Предвидени се над 17 милиони евра за мерките кои ги предвидува Владата, а ќе помогнат на стопанството за да си најдат работници, а работниците да си најдат соодветно работно место.

- Проблемот е меѓу другото преку процесот на преквалификација, преку можноста да луѓе кои завршиле соодветно обраозвание, но немаат работа за тоа место директно да ги преквалификуваме за работни места, таму каде што треба. Државата тоа ќе го исфинансира комплетно и тоа е делот на моделите кои што се применуваат во Германија, Шавајцарија, во Австрија. Познато како дуално образование или слично, рече Заев.

Тој истакна дека со оваа мерка целта е да има практична обука за работниците, коja ќе биде финансиранa директно од државата, со стекнување на искуство и трајно обезбедување работни места на работниците.

Заев истакна дека посебно во источниот регион има недостаток од текстилни работнички, а има и недостаток од угостителски работници, заварувачи, а има дејности каде што платите растат, но нема квалификувана работна сила. Токму и преку ваквите дебати со бизнис секторот се изнаоѓаат алатките за решавање на проблемите, а како што рече Заев социјалниот дијалог мора да постои, со цел државата да оди напред, работниците да имаат повисоки плати и младите да остануваат во земјава.

Царовска забележа дека оперативниот план за вработување е направен во соработка со работодавачите, но и со работниците.

- Сметам дека искреиравме неколку важни мерки, што ќе дадат придонес кон креирање стручен, квалификуван кадар, согласно потребите на работодавачите, а со тоа правиме две добра, вработуваме лица кои што се тешко вработливи во моментов, но исто така создаваме и можност за да компаниите се развиваа, а со тоа дава и можност и економијата да се развива во Македонија, рече Царовска.

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски истакна дека е добро што дебатите продолжуваат со бизнис секторот и со работниците, со цел да се решат или надминат проблемите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 16:07