Одлуката за казнување на убиецот на Алмир Алиу како случаен убиец а не како убиец со умисла, за Движењето БЕСА е уште еден доказ за тоа што неколку пати сме го повториле, дека кога станува збор за правдата што треба да им следи на Албанците, всушност нема никаква промена .
Додека Албанците, како во познатите монтирани случаи, познати за јавноста – и кога нема основа – се осудуваат со драконски казни и доживотен затвор, кога треба да му се суди на убиецот на еден Албанец за убиство со умисла, ова не се случува. Како Албанците да не се луѓе од крв и месо и како и Македонците и како крвта на еден Албанец да вреди помалку од таа на еден Македонец.
Денешната одлука сериозно е штетна за меѓуетничката доверба и довербата кон институциите во Македонија, за што сме сериозно загрижени.
Поаѓајќи од ова, Движењето БЕСА изјавува дека после оваа паѓаат сите маски за правна држава без етничко и политичко влијание, а не треба да се заборави дека тие кои гласаа за Јавниот обвинител не се фантазми, туку се пратеници на партиите на власт – Албанци и Македонци, кои дозволуваат и помагаат да продолжи дискриминацијата кон Албанците. Алмир Алиу е најточната метафора на оваа состојба.