Зоран Заев и Мила Царовска продолжуваат со лагите и манипулациите. Говорат за мерки за вработување, а изминаа 10 месеци откако власт и нема никаков резултат, напротив економијата тоне.

Државниот завод за статистика ги потврди лошите и погрешни политики на СДСМ. Стапката на невработеност мерена преку анкетата на работна сила во четвртиот квартал од 2017 година изнесувала 21,9 проценти или исто ниво како претходниот квартал.

Eкономски раст во 2017 година нема. Тој изнесува нула проценти, најслаб во регионот и во Европа. Во услови кога стапките на невработеност во сите европски земји речиси и без исклучок, драстично се намалува, во Република Македонија стапката на невработеност стагнира.

10 месеци СДСМ, 10 месеци неработа. Од опозиција ветуваа брда и долини, од позиција на власт ништо не работата. Граѓаните не живеат подобро. Граѓаните живеат полошо. Најголем губитник од 10 месечното владеење на СДСМ се младите. Помпезно најавуваната младинска гаранција од страна на СДСМ се покажа како огромна лага. Заев ги лажеше младите пред избори дека државата најдоцна четири месеци по завршувањето на нивното образование ќе им понуди вработување или можност за пракса, тренинг. 10 месеци како СДСМ е на власт, а младинската гаранција од најголемо најавуван проект, се сведе само на пилот проект.

СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. 10 месеци откако СДСМ е власт, нема направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат.

Бизнис климата е лоша. Економијата стагнира. Граѓаните немаат подобрат живот. Граѓаните се соочуваат со економски без излез причинет од економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев.

Граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 16:50