Таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата ќе останат запаметени по провизиите, пропустите и криминалите коишто наместо развој и унапредување на патната инфраструктура, донесоа уназадување на инфраструктура и предизвикаа дополнителни штети од стотина милиони евра, пари на граѓаните.
За разлика од таквата неспособност и криминален пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ обезбедува долгорочни инфраструктурни проекти низ целата држава коишто се од значаен интерес за економијата и за сите граѓани.
Започнатиот сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура во вредност од 270 милиони евра ќе ги надмине штетите предизвикани од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и ќе овозможи изградба и реконструкција на 60 патни правци со вкупна должина од околу 800 километри.
Инфраструктурното поврзување низ Македонија и модерното поврзување со земјите од регионот и Европа претставува стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ којашто продолжува посветено да работи на обезбедување услови за сигурен, безбеден и брз транспорт за сите граѓани