Прогресивното оданочување дефинитивно ќе се зголеми даночната евазија, затоа што граѓаните ќе бидат мотивирани да ги кријат парите и да бараат различни начини како да ги прераспределат парите за да не влезат во еден таков систем за да плаќаат повеќе пари, а ќе биде и стимул за селење на капиталот и финасиските средства во трети држави, истакна Кирил Миноски, поранешен министер за финансии на Република Македонија, и актуелен претседател на Комисија за финасии на ВМРО-ДМПМНЕ, во емисијата “Економски Магазин“ на телевизија Алсат-м.

Во емисијата која воедно требаше да биде дебатна, а во која беа поканети претсавници и од СДСМ и од министерството за финансии од Владата на Македонија, тие одбија да се појават транспаретно да дадат отчет и да ги одбранат даночните предлози кои во моментот ги подготвуваат.

Разговарајќи за опасностите што можат да ни се случат од прогресивното оданочување, Миноски и водителката констатираа дека постои можност од даночна евазија, криење на парите, мотивирање на луѓето да бараат начин како да ги прераспределат парите за да не влезат во еден таков систем да плаќаат повеќе пари.

– Доколку ја споредиме Република Македонија со регионот, пред се кај оние кадри кои што работат во креативните индустрии, во ИТ индустријата, односно кај оној дел од граѓанствто кое што заработува повеќе и каде што постои голема мобилност во поглед на можностите за воспоставување на бизниси во други држави во регионот, па и пошироко, ќе имаме селење на капиталот, исто така тоа ќе значи и селење на средствата од Република Македонија во трети држави, рече Миноски.

Тој истакна дека, даночната евазија дефинитивно ќе се зголеми, заради тоа што ќе се зголеми стимулот кај дел од популацијата да се користат алтернативни начини да ја намалат даночната основа и да не бидат оданочени, при што како пример ја посочи Република Грција, од која за време на економската кризата во 2008 година, илјадници субјекти беа префрлени во Бугарија кои нанесоа голема штета на грчката економија.

– Ние имавме пример и кај соседството, во Република Грција, после кризата во 2008 година, кога илјадници субјекти од Република Грција се префрлија во Република Бугарија, тоа значи и нормално штета на економијата, рече поранешниот министер за финасии, Кирил Миноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 16:54