Понижувањето, малтретирањето, притисокот врз земјоделците и корупција во овој важен сектор завршија со замиинување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Новата Влада предводена од СДСМ ги поправа штетите предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и го врати достоинсвото на земјоделците.

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој веќе поминаа во собраниските комисии и прво пленарно читање. Со оваа мерка дополнителни 5 милиони евра остануваат кај земјоделците.

За неполн месец од мандатот оваа Влада успеа да ги реши сите пречки за исплата на субвенциите. Навремено се исплатени субвенциите во земјоделството, дури и заостанатите субвенции што не ги исплаќаа владите на ВМРО-ДПМНЕ, за сите земјоделски гранки.

Годините од периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, просечната цена на килограм тутун изнесуваше помалку од 190 денари, а за реколтата 2017 година изнесува 217.6 денари, што е една од највисoките цени досега.

Со мерката за поврат на песоналниот данок за земјоделците, 65.000 земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добиваат износ еднаков на задржаниот данок односно кај земјоделците ќе остануваат околу седум милиони евра повеќе. Зголемена е поддршката за младите земјоделци на 4 милиони евра годишно што е повеќе од двојно од 1.5 милиони колку што беше порано. Дополнително, се воведоа нови критериуми со што се обезбеди заштита од било какви манипулации и парите сега доаѓаат кај вистинските земјоделци.

Зголемена е субвенцијата за предадено овчо млеко на 4 денари за литар а за 2018 година зголемени се субвенциите за грло овци за сточарите кои имаат развоен потенцијал за 10 отсто. Како и дополнителни 30 проценти повисока субвенција за зголемен пријавен број на грла од основното стадо.

Фактите целосно ја демантираат лагата на ВМРО-ДПМНЕ. Со реализација на мерките од Планот за живот во Македонија се прават сериозни чекори до нашата крајна цел: достоинствени земјоделци кои спокојно живеат од својот труд.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 17:00