Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод големиот Христијански празник Велигден направи посета на републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

-Ние од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално секоја година по повод Велигден доаѓаме во посета на центарот Порака. Тука со дечињата другаруваме, бојадисуваме велигденски јајца и цртаме. Нашата цел е што повеќе детски насмевки, изјави Даниела Рангелова.

Од Унијата на жени информираат дека по повод Велигденските празници ќе спроведе низа активности во сите Општински комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на територија на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2018 15:44