ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

Придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот исклучително се цени од страна на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин ќе придонесеме во иднина општествениот статус на ромите да биде унапреден се со цел подобрување на сегашноста но и на иднината на ромите во Република Македонија.

Република Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци затоа посветено и со заеднички сили треба напорно да работиме и во периодот кој што следува.

Почитувани припадници на ромската етничка заедница,

Ние секогаш сме се гордееле на нашето мултиетничко и мултикултурно општество кое заедно со многу труд и мака сме го граделе. Во Македонија има место за сите за Македонците, Ромите, Албанците, Турците, Србите, Власите, Бошњаци и сите останати. Ние мораме овој модел на заеднички живот по секоја цена да го одбраниме, да се залагаме но и да го одржиме за идните генерации.

Мултиетничкиот карактер на нашата Македонија не смее да биде загрозен зошто на тој начин ни се загрозува иднината но и опстанокот. Затоа мораме сите заедно да застанеме и гордо со крената глава да се спротивставиме на секоја намера да се загрози унитарниот и мултиетничкиот карактер на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 8 април - Меѓународниот ден на Ромите!

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2018 13:45