Почитувани православни верници,

Ми претставува чест во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција да Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со најискрени честитки за здравје, благосостојба и среќа за сите вас.

Денес православните христијански верници го слават Велигден како еден од најголемите христијански празници каде ја наоѓаме надежта но и можноста за подавање рака едни на други во духот на љубовта и меѓучовечката солидарност за заедничко добро.

Посакувам вие и вашите семејства да го поминете овој празник со многу здравје, во семејна хармонија како и со доверба за подобро утре за сите нас.

ДУИ



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2018 13:38