Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази увереност дека Кина ќе ги отстрани трговските бариери и ќе биде постигнат договор меѓу двете земји, за да се избегне трговска војна.
- Кина ќе ги отстрани трговските бариери, затоа што тоа е вистинското решение. Царините ќе станат реципрочни и ќе биде постигнат договор за интелектуалната сопственост. Голема иднина за двете земји, напиша американскиот претседател на Твитер.
Неговата порака сепак не објаснува зошто тој е оптимист за решавањето на трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, коментираат светските агенции.
Трамп истакнува дека тој и претседателот на Кина, Си Џинпинг секогаш ќе бидат пријатели „без разлика што се случува со спорот во трговијата“.