Погрешно и опасно е да се прават какви било забелешки за сириски хемиски напад без потврдени информации бидејќи засега не е спроведена истрага, соопшти Кремљ.

- Руски официјални лица претходно изјавија дека сириските бунтовници смислуваат „провокации“ во врска со користењето хемиско оружје, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Најмалку 60 луѓе загинаа и повеќе од илјада се повредени во наводно хемиски напад во источна Гута за време на викендот, соопшти Сириска лекарска група, јавија западни медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 11:52