Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска дека е бесен поради наводната употреба на хемиско оружје против цивили во Сирија.

Тој нагласи дека доколку се потврди употребата на такво оружје, тогаш тоа претставува кршење на меѓународното право.

Гутереш повторно ја потврди својата поддршка во истрагата за наводниот напад, која ја спроведува Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Опозициски активисти тврдат дека 40 луѓе загинале во хемискиот напад во градот Дума, кој е последно упориште на бунтовниците.

САД и ЕУ ја обвинуваат сириската Влада за нападот, но таа негира дека извршила било каков напад со хемиско оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 12:11