СДСМ ја зароби државата. Република Македонија стагнира. Економијата нема раст. Правосудниот систем наместо по закон, работи по диктат. Сите проекти се во застој. Бизнисмените чувствуваат несигурност. Земјоделците немаат пласман за својот род. СДСМ ја запусти државата.
Под власта на СДСМ Република Македонија нема економски раст.
За да знаат граѓаните за каква катастрофална влада се работи еве една споредба. Растот во 2017 година е 0%, а во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, државата го оствари највисокиот раст на БДП во историјата на државата од 6.1%.
Во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2007 година, во државата дојдоа странски инвестиции од 8.5% од БДП. Во првата година од владеењето на СДСМ нови странски инвестиции речиси и да нема. Владата се фали со инвестициите договорени во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Разликите се очигледни и затоа оваа неспособна власт треба да замине. Република Македонија под власт на СДСМ нема перспектива. СДСМ во изминативе 10 месеци ни покажа дека нема ни план, ниту пак знае како да ја води Република Македонија.
1.5 милијарди евра задолжување, а никакви проекти. 300 милиони евра депонирани во НБРМ без камата, во услови кога за истите се до сега сме платиле 1.5 милиони евра. Безидејност и неспособност на дело.
И додека тие расипнички се задолжуваат граѓаните страдаат. Стандардот не само што не е повисок, туку стагнира, а цените на производите секојдневно растат. Граѓаните гледаат дека со СДСМ на власт тонат и тие и државата.
СДСМ не бира начин како да го удри граѓанинот по џеб. Ја зголемија акцизата на нафтата, најавуваат зголемување на данокот на доход, не запираат во осиромашувањето на граѓаните.
Ветуваа економски бум и инвестиции, а сега го гледаме целосно спротивното. Нема 500 евра плата, нема раст на БДП од 5%, нема 15% поврат на ДДВ, нема 12.000 денари социјална помош, нема социјална пензија, нема бесплатно болничко лекување и плата за лекарите од 100.000 денари. СДСМ излажа. Граѓаните се изманипулирани.
Реформите во правосудството поминаа како првоаприлска шега, а остана партизираното судство и обвинителството кое гони по наредба на власта, а не по сила на закон.
Државата и граѓаните се жртва на заробената држава и желбата на власт по секоја цена на Заев и луѓето околу него.
Државата не може повеќе да чекори по овој пат на несигурност. Република Македонија мора да оди напред, за тоа нема алтернатива. Граѓаните заслужуваат правна држава со стабилни институции. Економија која расте и нуди перспектива. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа влада мора да падне.