Лажните вести и празните обвинувања не можат да ги сокријат штетите врз граѓаните и државата што ВМРО-ДПМНЕ ги направи со нивното 11 годишно криминално и расипничко владеење.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа расипнички, криминално заради остварување на лични и партиски интереси, додека граѓаните и државата беа презадолжени, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите, ја стабилизира економијата и ги професионализира институциите коишто денес работат во интерес на граѓаните.
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Со Законот за минимална плата, околу 90.000 граѓани денес добиваат повисока минимална плата која изнесува 12.000 денари и важи за сите вработени во сите индустрии. Со тоа се отвори спиралата на раст на платите и влијаеше врз растот на просечната плата која во јануари изнесуваше 24.075 денари.
Растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година, растот на индустриското производство од 8,4 отсто во јануари 2018, кратењето на непродуктивните трошоци, како и зголемената помош за претпријатијата, се само дел од реалните показатели што ја потврдуваат успешноста на економските политики. Започнатиот реформски процес овозможува професионализација и ослободување на државните институции кои денеска работат независно, согласно своите надлежности и во интерес на граѓаните.
Залуден е секој обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато на криминал, поделби и конфликти, Македонија тргна напред. Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и денес, Македонија се гради како едно општество со економски раст и независни институции.