Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи и го претвори во МВРО-ВМРО, денес да зборува за работата на полицијата.

Започнатиот процес на ослободување и реформа на институциите резултира со темелно департизирање на МВР, негова професионализација, зголемена ефикасност и постапување во интерес на законите и граѓаните.

Полицијата денеска се гради како вистински пријател-заштитник на граѓаните.

Зголемената транспаретност на МВР не може да се злоупотребува за искривување на фактите. Вистинската борба против криминалот и корупцијата ги дава резултатите, стапката на криминалитет, според објавените информации, се намалува.

Разликата е и во тоа што порано се криеја убиства, разбојништва и кражби, а сега надлежните институции, меѓу коишто и МВР транспарентно ги информираат граѓаните за било каков вид на криминал, но и за расчистување на делата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 13:29