Актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија била тема на денешната работна средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со амбасадор на ЕУ и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.
На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги информирашл амбасадорите за, како што потенцирал, бројните системски злоупотреби кои се извршуваат од страна на претставници на владејачката коалиција.
- Недостатокот на демократскиот капацитет, креирањето на поделби, како и нереализацијата на реформите државата ја оддалечува од европската агенда и не сврстува во редот на најкорумпираните држави, истакнал Мицкоски.
Тој се осврнал и на, според него, катастрофалните економски резултати на актуелната Влада кои резултираат со осиромашување на граѓаните.
Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што верува дека е стратешки интерес Република Македонија што поскоро да стане дел од Европската унија и оти ќе го поддржи секој процес кој што е во таа насока.