Vip преку партнерството со компанијата Нови Системи го воведува Novobox Cloud на македонскот пазар, ексклузивно за своите корисници. Со Novobox Cloud решението корисниците добиваат можност за складирање и организирање на податоци од типот на документи, фотографии, видеа и слична содржина во “облак”.

Со Novobox Cloud корисниците можат да ги синхронизираат своите видеа и фото галерии меѓу сите паметни уреди што ги употребуваат односно, мобилен телефон, таблет или лаптоп користејќи ги мобилните или веб апликацијата на Novobox.

Пристапот до фајловите е овозможен преку веб платформа, Android, iOS и Windows PC, преку што се овозможува преглед, синхронизација, споделување и организирање на истите и тоа се под контрола на корисникот. Пристапот е овозможен од секое место во секое време.

Поврзувањето до Novobox Cloud e преку веб страната www.novobox.mk преку било кој пребарувач, a плаќањето за користење на услугата може да се изврши со картичка или ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Vip постпејд и припејд мобилната телефонија.

За повеќе детали за Vip Neo посетете ја веб страницата www.vip.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 21:29