Што побргу оваа влада си замине, тоа подобро и за граѓаните и за Македонија.
СДСМ ја уназади државата. Република Македонија стана најкорупираната држава во Европа.
Според индексот на корупција на “Транспаренси интернешнл“ ние сме на дното во светот или на 107 место во друштво на држави како Танзанија, Замбија, Тимор. Од регионот убедливо на последно место. Пред нас се: Србија, Албанија, Косово.
Република Македонија тоне и тоа го говорат бројките. Во 2017 година економски раст нема. Растот е 0% .
Власта нема ниту план ниту знаење да ја води Република Македонија.
10 месеци владеење на СДСМ, 1,5 милијарди евра долг и ниту еден реализиран проект и капитални инвестиции.
Државата е заробена а институциите непрофесионални и партизирани.
Државата не може да чекори по овој пат на несигурност. Република Македонија мора да оди напред за тоа нема алтернатива.
Граѓаните заслужуваат професионални и стабилни институции но и економија која ќе им понуди перспектива и подобар живот.