Македонија е заробена држава. Секоја држава има криминал и криминалци, но само во Македонија криминалците си имаат држава. Секојдневно јавноста е сведок на нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки кои завршуваат во фиоките на инспекторите без правна разрешница.

МВР и неспособното раководство немаат аргументи да одговорат на поставените прашања и затоа оставаат деца од штабот на СДСМ да говорат во нивно име.

МВР стана синоним за корупција во државата наместо симбол за борба против истата. Оливер Спасовски без тендер додели милион евра на фирма од неговото родно Куманово која е партиски донатор на СДСМ. Не станува збори за неколку илјади евра, туку милион евра за набавка на возила за потребите на МВР без тендер во четири очи.

Оливер Спасовски и неговите партиски војници ставени на раководни позиции ќе останат запаметени како најлошото раководство кое министерството за внатрешни работи го имало од осамостојувањето на државата.

Македонија од ден во ден тоне се повеќе во криминал. Наместо заштитник на граѓаните МВР на Спасовски стана заштитник на криминалците. СДСМ сега ги отплаќа долговите кон криминалното подземје, долговите за добиената поддршка во предизборието на локалните избори од криминалците кои рекетираа, агитираа и се заканува на граѓаните кои не можеа слободно да го дадат својот глас. Во овие моменти граѓаните ја плаќаат најскапата цена за оваа предизборна коалиција на СДСМ со подземјето.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 23:17