Управата за јавни приходи опоменала 48.603 фирми или самостојни вршители на дејност за неплатена реадиодифузна такса.Тие заедно должат речиси 187 милиони денари или над три милиони евра. Фирмите кои нема да ја платат сумата што ја должат за радиодифузна такса ќе бидат блокирани, пренесува Република.

Не се знае колкав е бројот на граѓани кои имаа долг кон УЈП за радиодифузна такса. Бројката ќе се знае по подготовката на опомените и за нив.

Радиодифузна такса не се плаќа од октомври лани, откако Владата го измени Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 23:27