Владата на денешната седница разгледа и усвои информацијата во врска со потребата од обезбедување дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање на мали и средни претпријатија.
Од владината прес-служба наведуваат дека на седницата е укажано на Македонската банка за поддршка на развојот во преговорите со комерцијалните банки да се заложи цената на каматата да не надмине 3,2 процента за крајните корисници.