Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се подготвени со дискусија да ги изнесат сите факти и аргументи против 10-месечното владеење на актуелната Влада, изјави координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, откако за во 11 часот и официјално е закажана седницата за доверба на Владата, на барање токму на опозициската партија.

Данев апелираше до сите пратеници на гласањето пред себе да го стават интересот на сите граѓаните на Република Македонија, а не партиските и личните интереси.

– Ако тие интереси ги водат, убеден сум дека ќе имаме над 61 глас – рече Данев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 02:14