Поранешниот премиер Никола Груевски кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува во парламентот на седницата за доверба на владата.

Во текот на вчерашниот ден тој беше на суд околу 11 часа, а таму треба да се појави и денес. Судот ги одби сите барања на неговата одбрана.

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на Груевски да се одложи денешното рочиште, па тој нема да може да биде дел од собраниската седница.

Ова го потврди и адвокатот на Груевски, Зиков.

-Денес во 10:30 часот пак ќе има рочиште. Не го прифатија барањето на Груевски да присуствува во Собрание на седницата за интерпелација на Влада, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 02:16