Поморските флоти на Русија и на САД се на готовс, количеството на оружје што би можело да биде употребено е огромно.

Американскиот разорувач „Доналд Кук“, кој се приближи на околу 100 километри од Тартус, Сирија, каде се наоѓа воено-поморската база на Русија, опремен е со 50 крстосувачки ракети „Томахавк“.

Кон Сирија испратен е и носачот на авиони „Хари С. Труман“, а го придружуваат крстосувачот „Нормандија“ и четри разурнувачи - „Арлеј Бурк“, „Булкелеј“, „Форест Шерман“ и „Фарагут“. Американската флота е придружена и со германската фрегата „Хешен“.

Од друга страна во Средоземно Море се наоѓаат група борбени бродови на Русија, меѓу кои и дизел подморници, вооружени со ракетите „Калибар“. Во базата Хмејмим стационирани се авиони ловци и бомбардери, вклучително и најновите авиони Су-57.

Русија располага и со „бастиони“ крајбрежни ракетни комплекси со високопрецизни противбродски ракети „Јахонт“ и „Оникс“. „Бастиони“ можат да погодат бродови во радиус од 350 километри.

Руските единици во Сирија имаат и „панцир-С1“, самоодни противвоздушни ракетни комплекси, а руската база во Сирија е заштитена и со комплексите за противвоздушна одбрана С-400.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 10:21