Околу 30 отсто од летовите на „Ер Франс“, кои се планирани за денеска, ќе бидат откажани поради седмиот ден штрајк на вработените од таа авиокомпанија.
Синдикатите на „Ер Франс“ бараат зголемување од шест отсто на долгогодишните замрзнати платите. Компанијата нуди зголемување за еден отсто, нагласувајќи дека повеќе од тоа може само да биде штетно за фирмата.
Според податоците на синдикатите, штрајковите веќе ја чинат авиокомпанијата 200 милиони евра.
Се очекува да бидат откажани околу 40 проценти од летовите на компанијата на долги релации и 25 отсто летови на кратки релации на аеродромот Париз-Орли, но ќе бидат погодени и француските региони.