Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на денешната седница на Собранието за гласање на доверба на Владата истакна дека единствената реформа во судството и правосудството што ја спроведе владата на СДСМ и Коалицајата е пожар во Министерството за правда каде што изгоре архивата и сметководството.
-Најзначајната реформа најверојатно се случи вчера во делот на правдата. Ај што немаме министер за правда, сега изгоре и зградата на Министерството за правда. Изгоре архивата, изгоре сметководство, изгоре се , го нема министерот. Ќе мора да градиме нова зграда, ќе мора да бирате и нов министер ако преживее оваа влада вечерва, истакна Данев.
Тој посочи дека Владата не само што не спроведува реформи, туку користејќи ја власта спроведува нечовечки рефаншизам врз нивниот политчки противник. Данев рече дека прв пат во Македонија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има притворени 12 % од пратениците.
-Кога сме кај судството и правосудството, наместо на големо најавуваните реформи во предизборието во правосудниот систем се обидувате да ги прикриете, или преку неговата злоупотреба спроведувате апсолутно нечовечки политички рефаншизам со вашите политички противнии. Се притвораат според народниот правобранител, пратеници за кои законски немате право да ги притворите се до одземањето на нивниот имунитет. Прв пат во Република Македонија опозиционата пратеничка група е притворена со 12% од неа. Прв пат во Република Македонија вака се затвораат пратеници и се затвораат обични граѓани, уметници светски познати. Не во рамките само на Република Македонија. Ако тоа е реформата од судството и правосудството тогаш нека ви е алал како што вели македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, нагласува Данев.