На денешната собраниска седница за гласање на доверба на владата на СДСМ, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев обелодени мега скандал за тендер во ЕЛЕМ. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека постојат сериозни сомнежи за злоупотреба при тендерска постапка во државното претпријатие ЕЛЕМ.

Имено прво рангираната фирма која ја понудила најниската цена по секоја логика требала да го добие тендерот, но сепак не го добила.

-Доколку се следат процедурите доколку прво рангираната компанија не го добие тендерот би требало тендерот да го добие второ рангираната фирма. Но тендерската постапка е прекината и распишан е нов тендер, овој пат тендерот го добива истоимената второ рангирана фирма од првиот тендер, но овој пат за дупло поголема цена, рече Данев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 11:22