Скандалите кои ја тресат владата на Зоран Заев не запираат. Од ден во ден ги има се повеќе, а паричните суми стануваат се поголеми и поголеми. Токму денес на површина исплови уште еден таков мега скандал поврзан со владата на СДСМ.
На денешната собраниска седница на која прва точка на дневниот ред е интерпелацијата на Владата на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев обелодени нов скандал за вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Данев од собраниската говорница истакна дека во моментот кога Анѓушев стана дел од владата, тој имал кредитни побарувања, односно кредити во вредност од 26 милиони евра.
Многумина беа зачудени кога Кочо Анѓушев кој важеше за еден од најбогатите луѓе во Македонија се одлучи да стане дел од политиката. Сега е очигледно дека тој бил приморан на ваков чекор поради огромните долгови кои тој лично ги има, а спасот евидентно го гледал во висока државна функција со цел добивање на тендери.
Имено, откако Анѓушев ја доби вицепремиерската функција токму него лично го тресат низа скандали од кои тој се здоби со милионски профит.
Првиот скандал кој ја потресе фотелјата на Анѓушев беше тендерот од 2,6 милиони евра кој јавното претпријатие ЕЛЕМ му го додели на неговата компанија, „Фероинвест“.
Да не заборавиме дека во екот на преговорите со Грција за промена на името на Македонија, Анѓушев ја продаде својата компанија ЕДС на грчкото електро стопанство.
Меѓу другото, владата ги укина и давачките за литиум- јонски акумулатори само поради вицепремиерот Анѓушев бидејќи единствено неговата фирма „Брако“ користи такви акумулатори.
Со тоа продолжи злоупотребата на својата службена позиција од страна на Кочо Анѓушев.
Електрични литиум-јонски акумулатори користи само фирмата „Брако“ која е во негова сопственост и која овие батерии треба да ги вгради во моторни возила за специјална намена- чистење на улици и на патишта со електричен погон.
„Брако“ треба да произведе 35 вакви возила во вредност од 2 милиони евра.