Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев од собраниската говорница ја обвини владата предводена од СДСМ и ДУИ за бркање на илјадници невини луѓе од работа на денешната седница на која се разгледува барањето за доварба на владата.

-Наместо оваа влада да отвора и креира нови работни места, оваа влада започна со она што најдобро го знае, најдобро го умее и најдобро го владее, а тоа е бркање, бркање и бркање од работа на се она што е вработено или се вработило овие десетина години или нивно класично деградирање. Не ја научивте лекцијата од 2002 и 2003 година и напротив 2017 и 2018 само ја усовршувате и истата ја надградувате. Бркате граѓани на кои и вие сте им премиер вие сте им министри и тие се граѓани на Република Македонија. Не е битно или најмалку е битно кога тие се вработени, вели Данев.

Тој додаде дека не само што овие луѓе се бркаат од работа туку јавната администрација е мета на секојдневна критика од страна на владини претставници. Данев посочува дека владата во овие луѓе ја гледа причината зошто државата пропаѓа, но вели грешката не е кај овие луѓе туку кај владата. Владата треба да биде пример за домаќинско работење за сите.

Данев напомена дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ јавната администрација наместо да биде критикувана била позитивно стимулирана за да ја зголеми својата продуктивност и ефективност. ВМРО-ДПМНЕ ја стимулирала јавната администрација со плати поголеми за цели 10 проценти. За крај тој им порача на СДСМ да престанат да ги бараат грешките кај другите.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 11:46