Финансиски олеснувачи ќе им помагаат на компаниите да подготват квалитетен проект со кој ќе може да конкурираат за добивање неповратни средства со повикот што треба да го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на крајот на месецов, со што почнува примената на мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст.

- Во соработка со УСАИД и други организации ФИТР работи на премостување на јазот помеѓу реалните финансики потреби на компаниите и можностите што ги нуди Планот и на она што го проценивме како ризик во однос на тоа колку компаниите можат да подготват квалитетни апликации, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР, одговарајќи на новинарски прашања на денешната работилница во рамки на Проектот за подобрување на деловниот еко систем, во организација на УСАИД.

Како што потенцираше, Фондот за иновации од пред две недели нуди стручна поддршка за компаниите за претстојниот повик и има интерес. На дневна основа има по десетина обраќања за информациии за владините мерки од фирми од различни области.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 11:50