Уникатните ароми и незаборавен вкус на виното, долгата и богата винска историја на нашата земја и вечната љубов кон овој пијалок веќе неколку години се нашиот главен мотив за организирање на фестивали на виното во комплексот Македонско село.

Виното е пијалок кој е погоден за уживање во секој момент, во секое време, за различни пригоди во текот на целата година. Желбата да им овозможиме на нашите гости и страствени љубители на виното да уживаат во секоја голтка, повеќе од еднаш во годината, не поттикна да организираме уште еден фестивал на виното, во пролет.

Толку затоа, од 20-ти до 22-ри Април, ќе биде организиран Пролетен вино фест во комплексот Македонско село. На отворената тераса од ресторанот Македонски Ан, во традиционалниот амбиент на комплексот, помеѓу зелената природа, чистиот воздух и густа шума на планината Водно, гостите ќе имаат можност уште еднаш да уживаат во врвните вина од најдобрите винарии, вкусните традиционални специјалитети и деликатеси и да се забавуваат со песните изведени од познати музички имиња.

Меѓу винариите од Македонија кои и овојпат ќе имаат можност да ги претстават своите најпознати и најнаградувани вина на присутните гости се Тиквеш, Камник, Бовин, Стоби, Сопот, Сковин и Лозар.

Бидете дел од третиот фестивал на виното и од 20-ти до 22-ри Април, дојдете во комплексот Македонско село заедно да создаваме моменти вредни за наздравување!

Пролетен ВИНО ФЕСТ во Македонско село


Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 13:19