Во Собранието на Република Македонија денеска се одржуваше јавна расправа на тема „Дали и каков Закон за млади ни треба?“. На расправата, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска истакна дека ќе се посетат повеќе градови со цел да се чујат потребите и барањата на младите, кои потоа ќе ги преточат во соодветна правна рамка и ќе бидат озаконети.
Стаменковска ја потенцираше и важноста на ваквото законско решение и спремноста на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да носат ваков закон.
Според пратеничката Стаменковска, целта на ваквото законско решение е „Креирање и спроведување на политики на млади, на сите нивоа преку повеќе секторски пристап. Поаѓајќи од организирањето, утврдувањето на мерките и препораките поврзани со младите, младинските активности, зајакнување на учеството во јавниот живот на младите и нивно информирање на сите нивоа. Зајакнување на волонтерството, младинските активности и младинските работи. Понатака недискриминација, солидарност и етика во сите активности кои што се однсеуваат на младите“.